80 евра мегават час струја ќе плаќаат производителите на храна, Бектеши ветува ќе сме имале парно од први

80 евра за мегават час ќе плаќаат компаниите што произведуваат храна, соопшти денеска премиерот Ковачевски. Но дали тоа ќе ги симне плафонските цени низ маркетите и ако не дали владата има намера да ги замрзне, одговор нема. Има само очекување на премиерот дека цените на основните продукти ќе се намалеле најмалку за 10 проценти.

– „Со овие мерки компаниите, производителите на основни прехранбени производи ќе имаат предвидливост, стабилна и поевтина струја, што крајно ќе влијае и врз стабилизирање на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат од овие компании.“ – Изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Ќе сме имале и парно од 1 ноември, ЕСМ склучила договор ама со кого и колку повисоки сметки ќе плаќаат граѓаните одговор нема.

  • „Ќе работи дополнително ТЕТО која ќе покрива 60-70 отсто потребите на топлинската енергија. За тоа до кои компании е склучен договор може да се обратите во ЕСМ, ќе ви објаснат во детали. – Изјави Бектеши.

Владата одлучила и основните и средните јавни училишта, за да имаат непречено струја, да можат да склучат договори за снабдување со ЕСМ по цена од 95 евра по мегават/час. Истото важи и за јавните претпријатија за водоснабдување и одведување на отпадните води.

Една од денешните одлуки е и таа дека на општините и градот Скопје им се забранува да основаат јавни претпријатија и акцинерски друштва за јавно осветлување, со цел да спречеле злоупотреби и манипулации на владините мерки за енергетика.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста