8.000 фирми побарале субвенции на придонеси за зголемени плати, 1.300 барања заглавени поради грешки

На едвај 10% од вработените во земјава им биле покачени платите во изминатите два месеци или барем за толку газдите побарале субвенции од државата. Кога Владата реши да ги субвенционира придонесите за фирмите што ќе покачат плати на вработените од 600 до 6.000 денари, тврдеше дека помошта ќе се однесува на сите фирми што ќе го сторат ова, а не само на оние што законски мораат да исплаќаат повисока минимална плата. Газдите аплицирале за над 90 илјади работници за два месеци. Досега 8.000 фирми го оствариле правото на помош при исплата на придонеси за октомври и ноември, а 1.300 се уште чекаат поради технички причини и некомплетна документација.

Надлежните се надеваат на поголем интерес кај фирмите следните месеци. Токму од декември се зголеми минималната плата на 14.500 денари. Над 90 илјади работници ќе го примат овој износ со исплатата во јануари.

За октомври и ноември биле побарани субвенции од околу 940 илјади евра, додека вкупната сума за субвенции за пораст на плати треба да достигне 39 милиони евра. Министерката за труд неодамна рече дека очекува фирмите да ја искористат оваа мерка за околу 20 до 25 отсто од вработените во приватниот сектор. Субвенции треба да има 3 години.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста