Уште еден нобеловец тврди дека Ковид-19 е лабораториски производ на Кинезите

Зачестија тврдењата од  високи научни  кругови, со кои се оспорува природното потеклото на вирусот ковид 19. Јапонскиот професор по имунологија, Тасуку Хонјо, кој пред две години ја доби Нобеловата награда за физиологија, денеска објави  дека корона вирусот  не нестанал по природен пат. Професорот Хонјо, кој 40 години работ и на истражувања на вируси и животни, тврди, дека ковид 19 е целосно вештачки вирус..

  • Да беше природен, немаше да има вакво негативно влијание врз целиот свет.  Бидејќи, според природата, температурата е различна во различни земји. Ако е природен,  ќе влијаеше негативно  само врз оние земји кои имаат иста температура, како Кина. наместо тоа, се шири во земји  како Швајцарија, а на ист начин се шири и во пустинските области. Доколу  беше природен, ќе се раширеше на и во студени предели, но ќе изчезнеше на топлите места вели Хонјо.

Јапонскиот нобеловец,  работел 4 години во лабораторија во Вухан во Кина. Оттука, како што вели, го познава целиот персонал таму, но сите негови обиди да стапи во контакт со поранешните колеги биле безуспешни.. Професорот Хонјо е 100 процентно  сигурен дека коронавирусот не е природен, ниту пак потекнува од лилјаци, туку дека го создала кина. Колку е сигурен во своето тврдење, сведочи неговата изјава, дека, ако се докаже  спротивното, подготвен е да му биде одземена нобеловата награда..

Јапонскиот професор не е прв нобеловец што тврди дека корона вирусот е вештачки. Предходно и Лик Монтање, француски  научник кој го откри ХИВ-вирусот, тврдеше дека корона вирусот е создаден вештачки. .  И тој, прстот го насочи кон лабораторијата во Вухан. Според него, вирусот излегол од  контрола, најверојатно по грешка, додека се вршеле истражувања за вакцина против СИДА.

  • Болеста „ковид-19“ е создадена во лабораторија во вухан, која се специјализирала за истражување на коронавируси од минатата деценија. научниците веројатно во него внеле рибонуклеинска киселина од хив, во потрага по вакцина против овој вирус, па така дошло до манипулација. не знам како вирусот излегол од лабораторијата, можеби станува збор за некаков волшебник- вели Монтање.

Неговите тврдења, подоцна беа демантирани од институтот „Пастер“ во Париз. Професорот  Монтање, денеска сподели и оптимистички  проценки, дека коронавирусот ќе се уништи самиот себе.

  • Природата ја враќа работата во свои раце! со колегите моментално истражуваме една мошне зачудувачка појава во сад, каде има милион заразени и вирусот се менува мошне брзо…дел од него, многу брзо мутира и се покажува дека вирусот ќе се самоуништи“, вели нобеловецот Монтање.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста