Владата постојано демантира, а странските експерти јасни – мигрантските кампови во Македонија повеќе од реалност

Прашањето за изградба на мигрантски кампови кое со месеци виси во воздух, а македонската Влада упорно го демантира, политичките авторитети од регионот но и странските експерти отворено го разгледуваат, вбројувајќи ја тука посебно Македонија.

„Македонија е би рекол во незавидна и тешка ситуација.За да бидете хумани треба да најдете решение за луѓето кои ја минуваат границата ,не можете да ги оставите сами на себе да чекаат .Мора да се одговори на потребите на мигрантите во Македонија,треба некаде да се вдомат кога ќе стигнат“ – Џејмс Серока-универзитетски професор САД

Од една страна прифатните центри се со ограничени капацитети,а од друга локалното население не се чувствува безбедно, бидејќи не знаеме кои се тие луѓе,затоа не смееме да ги оставиме бегалците туку така-велат нашите соговорници кои не бегаат од прашањата и делимите поврзани со изградба на мигрантски кампови.

„Подобро е на некој начин да се воведе одредена контрола, во секојдневнот живот на мигрантите отколку да се пушат сами да се снаоѓаат како знаати умеат.Тоа би предизвикало одреден хаос.Мислам дека што се однесува на камповите, тие се од полза да се сместат мигрантите на одредени подрачја и на тој начин полесно би се справувале со кризата“ – Балша Божовиќ-пратеник Р Србија.

„И тоа е една од можните теми, но е и политичко прашање за кое партиите не се усогласени на кој начин да се изјаснат.Така што прашањето за бегалските кампови е сеуште е отворено и под знак прашалник“ -Мирела Тешановиќ од Министерство за внатрешни работи во Република Српска.

Иако експертите веруваат дека мигрантската криза која ја зафати Македонија пред 18 месеци нема да се повтори,одредени земји од регионот се под силен притисок соочени со огромен бран на бегалци.Од тука мигрантската криза е сериозен безбедносен проблем кој му се заканува на Западен Балкан. Решението на проблемот не во рацете на Македонија нити на останатите земји од регионот, но ЕУ треба да изнајде солуција како на најбезболен начин да се најде соодветно решение за чија реализација требаат пари и ресурси.

Росица Голабоска