75 годишен пациент избегал од модуларната болница во Штип

Седумдесет и петгодишен Пробиштипјанец инфициран со вирусот е пронаден мртов во близина на модуларната болница во Штип, откако ноќеска успеал да избега од таму.  Се претпоставува дека пациентот начекал погоден момент кога вратата  на задниот влез не била заклучена и успеал побегне.  Еден час подоцна на неколку метри од болницата по дојава на граѓани е пронајден мртов човек.  Поради траги од кочење  првично се претпоставувало дека е пешак настрадан од автомобил, но од обдукцијата е утврдено дека нема траги на насилство и според првичните сознанија причина за смртта е белодробна пневмонија. Полицијата ќе истражува под кој околности пациентот избегал од модуларната болница . Дополнително на случајот ќе работи и КОмисијата за квалитет  при Клиничка болница Штип која треба да открие кој  заборавил да ја заклучи вратата, која постојано треба да е под клуч, вели за Алфа директорот на болницата Ален Ѓеоргијев. Извештајот во понеделник ќе биде доставен до Дисциплинската комисија, а доколку се утврди пропуст кај некој од вработените ќе следуваат и санкции.  Пациентот бил со тешка клиничка слика и неколку денови  се лекувал во Штип.

Ова не е прв случај пациенти инфицирани со КОвид да бегаат од штипската болница. На почетокот од пандемијата преку балкон од болничката соба  избега суспектен пациент, кој подоцна со полиција го пронајдоа дома во Виница, а пред неколку недели од вториот кат на Инфективното одделение се фрли пациент. 

Александра Ристевска

Поврзани вести