Стартува новата жетва на ориз со старите маки- наводнувањето повторно проблем
Почна жетвата на ориз во кочанско Зрновци. Првите снопја се ожнеаја во нивите кои се полнеа со вода од река Брегалница, но за полињата то се наводнуваа од хидросистемот за жнеење ќе чекат до октомври. Според првичните проценки приносот ќе биде за петнаесет отсто поголем од лани, а годинава родот ќе има и добар квалитет. Надлежните се фалат дека раната жетва е резултат на добриот распоред за наводнување
„На ова место каде е почната жетвата, водата бее путена на време, на 10април. Како пример може да кажам дека за разлика од минатата година сега жетвата е почната 15 до 20дена порано. Вообичаено се жетва се почнувае кон крајот на месецот„ изјави Благојчо Богатинов, директор на Водостопанство „Брегалница„.
Но дел од оризопроизводителите се контра надлежните. Велат проблемите со наводнувањето то ги имаа во текот на сезоната и со протести бараа да им се пути вода, ќе биде причина за намалување на приносите во одредени атари.
„Дури се сеее ориз на 15јуни, сезоната веќе помина. Е сега тој ориз каков ќе биде, тоа не се знае„објаснува оризопроизводител од Кочанско
„Во последните години теко се живее од земјоделие, посебно па тие то одгледуваат жито и ориз. Оваа година ќе биде пресудна, ако нема добар род, многу ќе се откжат од земјоделие„ вели оризопроизводител од Чеиново.
Килограм оризова арпа од минтогодинаната реколта се продавае по цена пониска од производната, а дополнително нерентабилна оваа култура ја прави и високата цена на нафтата и ѓубривата. Оризопроизводителите неколку пати излегуваа на протести барајќи загарантирана откупна цена, како и тоа оризот да биде стратека култура. Годинава под ориз се посени околу 3.500хектри, од кои се очекува да се соберат над 22 илјади тони ориз.
Александра Ристеска