7000 текстилни работници останале без работа

Лани Ковид кризата избрша над една третина од работните места во текстилството, а трендот продолжи и годинава. Така покажува анализата на невладиниот сектор. И понатаму не се продолжуваат договорите на определено време, а расте и бројот на отпуштањата од кои најголем број се отказ од страна на работодавачот. Анализите на невладините покажуваат дека помошта од државата го заштити стандардот и платите, но тоа не го запре намалувањето на невработеноста во оваа индустрија.

„Текстилната индустрија имаа потреба и поддржка од страна на државата , но и од целиот систем се со цел да можеме да бидеме што е можно поконкурентни имајќи предвид дека нашата текстилна индустрија пред се работи и е зависна од нарачките од странство“, изјави Виктор Митевски од НВО ЗМАИ.

Формирање на текстилни задруги е еден од формите за спас на работниците кои не можат да дојдат до работа или останале без работа.

„Многу е корисно бидејќи може да се вработат работнички кои имаат или немаат искуство, како и работнички кои се социјални случаи“, рече Соња Стојадоновиќ, експерт за текстилни задруги.

Според последните анализи за година и половина околу 12.000 работници само од „Гласен текстилец“ побарале правна помош поради нарушување на работничките права, а во државата 7000 текстилни работници останале без работа.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста