700 милиони евра нова еврообврзница – и неродените деца ќе враќаат долгови

Ќе доцнат февруарските плати на најмалку 60 илјади работници. Стопанството оставено на неажурноста на пратениците.  Законското решение се уште не е ставено ниту на дневен ред, па којзнае кога ќе биде усвоено во законодавниот дом. Бизнисот со апел до пратениците час поскоро да ги изгласаат економските закони. Од Владата се правдаат – ако решението не помине во парламентот, немаат друг начин и механизам за исплата на помошта. Фирмите треба самите да се снаоѓаат за да поделат плати, па дури отпосле да  аплицираат. Поднесувањето на барања ќе биде продолжено до крајот на март.

„Ако се вака стабилни проценките за состојбата финансиска, зашто е потребно да се испраќа сигнал и да се одолжува исплатата на дивидендите ?! Тоа е прашање што треба да се коментира министере.“ праша Бранко Азески, претседател на Стопанска комора

„Ние сме извршна власт и тоа е цена на демократија, Собранието ќе мора да ги донсе законите за може да ги спроведеме, нема друг модалитет да можеме да одговориме. Ние сметавме прв ден кога се донесоа мерки, беше доволно 15 дена, на 15ти фебруари беше испратен закон во Собрание, но…“ изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

За да има пари за финансиска помош на стопанството, Владата ќе се задолжува со нова еврообврзница. Неофицијално таа ќе „ тежи“ 700 милиони евра. Иако претходно најави ребаланс на буџетот за да има пари за 5-тиот и наредните пакети помош, сега Бесими без конкретен одговор кога ќе се случи новото задолжување и колку ќе ги чини граѓаните.

На најавите за ново издавање еврообврзница бурно реагираше и опозицијата. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски прашува зошто Владата планира повторно на овој начин да позајмува пари, кога 2-те милијарди евра од минатата година не биле потрошени за да му се помогне на народот. Обвини за ново задолжување за нова кражба на граѓаните. Инаку лани, министерството за фирнансии ја издаде рекордно најголемата 6-годишна еврообврзница во висина од 700 милиони евра со камата од 3,67%.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста