70 градилишта низ Скопје- никој не води грижа за заштита на локациите и чистење на сметот

Главниот град како градежна зона. Во моментов се работи на над 70 локации, најголем дел од нив за станбени објекти.

Граѓаните кои живеат во близина на повеќето градилишта се жалат дека ни инвеститорите ни надлежните не водат доволно сметка за заштита на локациите, но и за одлагање на сметот.

Дополнително, како што велат градежните активности им го загрозуваат животот, бидејќи секојдневно се принудени да дишат прашина која што се крева од механизацијата.

Се гради во сите општини, дури и во Центар каде има мораториум за нови објекти кој не важи за оние кои веќе имаат градежни дозволи.

Од Инспектортат на Град Скопје велат дека досега биле казнети неколку компании но немале доволно кадар за да вршат посилна контрола.

„Во моментот имаме 8 инспектори и не може да бидеме на терен 24 часа. На територијата на Скопје има над 70 градфилишта“ велат од Инспектортатот на Град Скопје.

Оттаму апелираат и општинските инспектори да ја зголемат активноста и проверките на градилиштата.Од друга страна во владиониот план за чист воздух стои дека државата ќе ја зголеми контролата токму во овој сектор.

Градежната експанзија и непочитувањето на законските прописи за градење и обезбедување на градежните објекти во градба, и непрописното одложување на градежниот шут и отпад во последните години значително придонесува за загадувањето, меѓу другото и на воздухот“ пишува во планот за чист воздух на Владата.

Во планот се објаснува и дека ќе се работи на воведување систем за одложување на отпадот од градежните објекти. Засега ништо од ова не е видливо на терен.

Јована Грчева