7 години за Груевски, 1 година и три месеци за Мијалков, една година за Камчев: „Пресуда за Плацеви на Водно“

Седум години затвор за поранешниот премиер, Никола Груевски и казна од 3 500 евра, Сашо Мијалков е осуден на 1 година и три месеци затвор, Јордан Орце Камчев на 1 година затворска казна, во кои му се смета и времето поминато во притвор. Ристо Новачевски и Ненад Јосифовиќ, добија идентична казна од две години условно. Единствено ослободена од обвинение беше мајка му на Камчев, Ратка Куновска Камчева. Ова е првостепената пресуда за случајот „Плацови на Водно“ на судијата Илија Трков. Дополнително на ова, судот одлучи да се конфискува имот од осудените и нивни блиски, вреден 3 милиони евра.

Зборува судија Илија Трпков: Груевски, Мијалков, Новачевски, Јосифовиќ и Камчев се виновни.

Обвинителството задоволни од конфискацијата на имотот, но не и од изречените затворски казни.  

„Овде мислам за казните спрема Никола Груевски и Сашо Мијалков. Барам поголеми казни. Сметам дека за обвинетиот Никола Груевски за кривичнo дело за кое е предвидена затворска казна од 1 до 10 години, казната од 5 години е ниско определена. За сето тоа ќе се произнесеме откако ќе ја добиеме пресудата“-рече Стефанова.

И бранителот на Сашо Мијалков незадоволен и ќе се жали на ваквата пресуда.   

Според пресуда, Груевски против-правно за себе присвоил пари од донации од 1.300.000 евра, по што ги пуштил во оптек, а му помагал Мијалков. Останатите ги примиле парите и пуштиле во оптек, иако знаеле дека се против-правно стекнати. Според судскиот совет, Груевски барал од Мијалков да му помогне да купи и земјиште од 11 илјади метри квадратни и да се прикрие дека е сопственик.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста