69-годишна жена со добиен термин, два пати вратена за вакцинација во Штип

Шеесет и деветгодишната Здравка Манева од кочанското село Зрновци, никако да се имунизира иако уредно е пријавена преку апликацијата вакцинација.мк. Во саботата и рекле да дојде денес, но за жал и сега е одбиена па ништо друго не и останува освен да чека пред капијата на вакциналниот пункт во Штип.

   „Би требало да ме примат имам години. Плаќаме такси доагам од Зрновци. Во саботата плаќав, денес пак, а ќе треба да дојдам и по трет пат . Како да издржам со 10.000денари пензија„ – вели Здравка Манева од с.Зрновци. 

Од штипскиот здравствен дом се категорични се имунизираат лицата над 68години  кои имаат термин и хронично болните . На список се над 300лица на дијализа, со трансплантација на бубрег, црн дроб, како и петмина кои чекаат трансплантација на срце. Денес и утре вакциналниот пункт ќе работи само во една смена, велат вакцини има доволно..

  „Вакцини има! Вчера добивме 4000дози од вакцината Синофарм, а претходно добивме 1000 Фајзер . Имаме доволно количини, но зошто работиме само во една смена ќе треба да се обратите во Министерсството за здравство„-изјави Дијана Коцева МИланова, лекар на вакцинален пункт Штип.

Од денес во Штип започна имунизацијата и на работници во приватниот сектор. Први се вакцинираа неколку касиерки вработени во еден супер маркет. Интересот е огромен, стопанствениците треба да достават список до стопанските комори, а потоа да чекат термин. Вработените во училиштата ја примија првата доза , а деновиве ќе се започне со вакцинација на вработените во комуналните претпријатија.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста