НАЈНОВИ ВЕСТИ

Цел свет не предупредува за корупција, Спасовски се фали дека за 6 месеци се намалила за 22%

Во која држава живее министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој со рекламен спот се фали како неговото министерство придонело за 6 месеци да се намали корупцијата за вртоглави 22 %, наспроти укажувањата од меѓународната заедница, а последно и американската амнсадорка Агелер кои велат дека Македонија тоне во корупција и тоа е системски проблем. Но, министерот Спасовски има друга перцепција, а и конкретни бројки спакувани во видео запис.

Додека министерот Спасовски гледа со розови очила и се фали дека корупцијата е намалена, американската амбаасадорка во Скопје, Анџела Агелер корупцијата ја лоцира како најголем предизвик со кој Македонија се соочува.

„Тоа е одговорност на судството и секоја Влада и да бидеме искрени кон граѓаните, корупцијата не се случува сама од себе. Не можам само јас да бидам корумпирана.  Тоа е производ на одлуки на поединци, на граѓани и официјални и лица. Искрено се надевам на вистинска промена., вели Агелер.

Амбасадорката Агелер уште кога ја презеде функцијата беше збунета од изборот на првиот човек на организиран Ислам Абази кој има лични и пријателски познанства со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Низа коруптивни скандали ја тресат Македонија. Само последниве месеци, случајот Бехтел и Енка, струшкиот градоналчник кое е на американската Црна Листа, австрискот амбасодр Георг Вуцас кој обвини за корумпирани судии и и обвинители, незаконското разрешување на поранешната претседателка на Судски совет Весна Дамева. Листата нерешени скандали за корупција кои датираат од поодмна е многу подолга.

Во однос на јавните набавки мината година склучени се договори вредни над 400 милиони евра во кои има само една понуда, односно во секоја трета постапка се избира единствената понуда, говорат резултатите од извештајот за корупција за ланската година на Центарот за граѓански комуникации.

Паула Костадиноска