Торнадо, супеќелиски бури, пеколни температури, убиствени инсекти – балканот ги чуствува климатските промени
Крлежи кои шират субтропски болести, тигрести комарци кои се тешки за сузбивање, се агресивни и шират болести. Климатските промени почнаа да влијаат и врз биодиверзитетот во македонија и на балканот. Граѓаните се жалат дека немаат спас и тешко можат ефикасно да се заштитат.
Од центарот за јавно здравје велат дека азискиот тигрест комарец е активен 24 часа.
- „Тие пренесуваат кај нас невообичаени болести, повеќе типични за тропски и суб-тропски предели, како Денга, Чикунгунија, Зика. Експериментално, во лабараториски услови се докажни и други 22 вида кои што ги пренесуваат и на човекот и на животните. Меѓутоа, овој вид преферира повеќе човечка крв, отколку од животните.“ – Појаснува м-р. Николина Соколовска, медицински ентомолог, специјалист за комарци во Центарот за јавно здравје.
Тигрестиот комарец, како што објаснува Соколовска, врши супресија и на нашите автохтони видови комарци и е многу потежок за сузбивање, бидејќи бара мали вештачки создадени живеалишта како тацни, вазни, автомобилски гуми, олуци, отпад, лименки, и други места кои наоѓаат ниско околу луѓето.
Вели дека е тешко да се сузбие и оти е важно надлежните прскањето да го спроведуваат од земја, а не авионски, бидејќи тоа нема ефект на новиот вид комарци. Смета дека битката против нив е заедничка, и оти и граѓаните мора да преземат мерки.
- „Тоа е секогаш во човечката околина, авионската дезинсекција не продира до тие живеалишта, за да ги уништи и ларвите и возрасните. Да се стави акцент на третирање на водите, ларвицидна, авионската дезинсекција рековме не, само од земја да има дезинскеција и секако, треба да биде многу тесна соработката на општините со населението, бидејќи голема улога има и населението во намалување на популацијата, ако ги елеминираат живеалиштата“ – Посочува Соколовска.
За тоа, колку често се прска и кога последен пат е изврешна дезинскеција, прашавме и во Град Скопје, но, оттаму одговор не добивме. Инаку, во северна Грција, веќе неколку години по ред се регистрираат заболени од тропската болест „Западен Нил“. Вирус кој најчесто го пренесуваат тигрестите комарци. Само минатата недела има 8 регистрирани, од кои двајца починале.
Никола Цветкоски