Во Брисел сее пишува Извештајот за Судскиот совет- што детектирал тимот на Хрватин?
Зошто не се завршени предметите на СЈО, како е разрешена Весна Дамева, конфискацијата на Сеад Кочан, унапредувањето на обвинителот Артан Ајро како и непостапувањето на Судскиот совет со сомнежите за злоупотреби на Акмис системот во Управен суд. Овие теми ги отвориле хрватските истражители на Оценската мисија на чело со поранешниот претседател на Врховниот суд во Загреб, Бранко Хрватин што во четвртокот и петокот влез во Судскиот совет, неофицијално дознава Алфа од судски извори. Што од ова ќе се најде на извештајот на оценската мисија, допрва ќе видиме.
Засега, деталите за јавноста остануваат под превезот на тајноста. Портпаролката на советот тврди дека судиите од Загреб инсистирале да не се информира за нивната посета. Во очекување на извештајот кој ќе треба да покаже, дали и како се спроведувала законската регулатива во советот, упатените очекуваат дека ќе се дететктираат слабостите во системот.
Ова не е првпат меѓународната заедница да праќа помош поради нефункционирањето на судството. Во 2015 та Експертот за владеење на правото Прибе изготви извештај со критики за политички влијанија и непочитување на законот. Но и по осум години се уште се зборува за, политичкото влијание и некункционалност на системот. И Хрватите исто како и Прибе се задржале на темата унапредувањето и изборот на судиите и обвинителите кое медиумски е проследена со низаскандали за политички и роднински врски. Дел од правната фела критикува дека случувањата во Советот се запрепастувачки.
Оценската мисија се задржа два дена со колегите од советот. Уште колку посети ќе им бидат потребни се до конечниот извештај, засега ниту една страна не открива детали.
Паула Костадиноска