Јaвна расправа за измените на Законот за медиумски услуги
Државата треба да ги едуцира граѓаните за теми од јавен интерес преку медиумски кампањи, а измените на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се прават во согласност со европските директиви. Ова е ставот на надлежните според кои новите решенија треба да ја подобрат состојбата во областа која е од суштинско значење за демократскиот амбиент во Македонија.
Измените на законот се веќе влезени во собраниска процедура, а започна и втората фаза на јавна расправа. Претходно беа консултрирани сите засегнати страни кои имаа можност да ги споделат своите ставови и видувања. Според предлогот најголем дел од државните пари треба да одат за јавниот сервис, МРТ, а многу мал процент за да се подели меѓу националните, регионалните и локалните телевизии за кампањи од јавен интерес.
Нема потреба од нервоза, треба да истражите вие, зошто доаѓате со идеја дека треба да бидете дел од ова. 75% со 25% не се согласуваме, бараме 85 % со 15%. Тоа е реалната ситуација на пазарот, вели Иван Мирчевски, директор на Канал 5.
Од друга страна Здружението на новинари и Синдикатот на медиумски работници се противат на начинот на кој се носи овој закон. Според нив предлогот бил изработен нетранспарентно и без експертска поддршка.
Освен делот за јавни кампањи за кој најмногу дебатира стручната фела, измените на овој закон треба да ја дорегулираат целата област на работење на телевизиите, пред се да ги допрецизираат одредбите за реемитување, како авторските и сродните права на територијата на Македонија.
Паула Костадиноска