НАЈНОВИ ВЕСТИ

Скопје почна да се чисти – штрајкот заврши, вработените институционално ќе ги бараат правата

Почнува да се расчистува хаосот во Скопје. Вработените од „Комуналец“ се враќаат на работа. Одлуката ја донесоа синдикалците, која како што велат е единствено во интерес на граѓаните. Но тоа не значи дека се откажуваат од своите барања. Ќе продолжат да се борат за своите права институционално.

  • Одлуката e во интерес на граѓаните и со оглед на најавите за високите температури, вработените во Комунална хигиена ќе почнат со работа. Веќе втора смена денеска ќе излезе на терен, а ние институционално ќе си ја тераме работата. Не треба поради нечија одговорност граѓаните да трпат, рече тој по средбата на претставниците од СУТКОЗ, синдикатот во кој спаѓаат и вработените во Комунална хигиена со претставници од Извршниот одбор на комуналното претпријатие.

За проблемите во претпријатието ќе има уште едн асредба на синикалците на која ќе се допрецизираат следните чекори поради како што велат игнорантскиот однос на менаџментот.

  • На состанокот е одлучено денеска Извршниот одбор на синдикалната организација на „Комунална хигиена“, да одржи уште еден состанок за да ги дефинираат понатамошните чекори во врска со проблемите во претпријатието, а за револтот на дел од вработените да искористат други законски можности, за да не бидат жртвувани граѓаните со несобраното ѓубре поради игнорантскиот однос на раководството кон незадоволните вработени, додаде Кашиковски во разговор за Алфа.

Вработените во „Комунална хигиена“ протестираат од 7 јули со повеќе барања: зголемување на платите, добивање К-15 и бенефициран стаж, но и враќање на 10-тината вработени на неопределено време меѓу кои е синдикалниот лидер, и на 27 примени со договор, кои ги отпушти директорката Мазнева – Николиќ.

Борис Грујоски