Им ги затворија вратите на медиумите, а расправаат за одговорност на претседател на Управен суд

Видна нервоза во судскиот совет. Членовите се вознемирија од екипата на Алфа и прашањата поставени до нив – зошто сакаат да ја исклучат јавноста при одлучување за една од точките на дневен ред – „утврдување одговорност кај претседател на суд“. Не сакаат да кажат за кој суд и кој претседател се работи, и за каква одговорност станува збор.

Новинарите беа избркани од салата, а портпаролката на Советот не кажува за што станува збор.

Сепак, Алфа дознава дека на дневен ред е рачно распоредување на 190 предмети од стрна на претседателот на управен суд Бурим Сејдини, надвор од Акмис системот.

Неофицијално, членовите на советот сакаат да го забошотат случајот и Бурим Сејдини да се спаси од одговорност.

Најбучен беа заменик претседателот Ханиф Зендели, а и судијата Селим Адеми.

Инаку претедателот на управен, Бурим Сејдини, се побрзува со ДУИ и паритскиот врв преку Зајас, родното село на Али Ахмети. И тој и лидерот на интегративците имаат родни куќи таму што може да се види и од нивните анектни листови.

И други членови на советот имаат слични политичко – роднинско – клановски врски.

На денешната седница, според наши извори, како кунсултант требало да зборува судијата Селим Адеми за рачното ра споредување на предметите. Тој е десет години во сускиот совет и со него беа поврзани повеќе скандали. Денеска беше најнервозен.

На денешната седница не беше присутен претседателот на советот Сашко Георгиевски, а ја водеше новиот потпретседател Ханиф Зендели, кој седна на местото на Селим Адеми, судијата кој против стите правила и прописи направи пуч и ја разреши од претседателското столче Весна Дамева.

Откако ја затворија седницата, судијата Павлина Црвенковска ја искористи паузата за цигара во канцеларија.

За ваков случај, рачно распоредување на предмети, поранешниот претеседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски веќе е на издржување две и пол годишна затвроска казна. Во неговиот дом и во неговиот кабинет беше извршен претрес од страна на СЈО, за потоа обвинитлеството да покрене обвинение, а Судскиот совет опформи комисија од судии кои го разрешија за истиот случај. Овој случај имаше големо медиумско внимание и при постапувањето на обвинителството и при одлучувањето на Судскиот совет.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста