6,5 милиони денари сметка за струја за октомври треба да плати кочански комуналец

Комуналните претпријатија се уште тонат во долгови по основ на потрошена електрична енергија. Шест и пол милиони денари сметка за октомври ќе плати кочанското комунално претпријатие. Дополнително, треба да се обезбедат уште два милиони денари, со кои ќе биде платена првата рата од заостанатиот долг направен минатата година

„По раскинувањето на договорот со економскиот оператор, доставувач на струја , претпријатието беше префрлено на снабдување во краен случај. Овде се калкулира и берзанската цена плус 20% провизија за ЕВН како снабдувач во краен случај„-изјави Љупчо Папазов, градоначалник на Кочани.

Од 1декември комуналните претпријатија ќе бидат на регулираниот пазар на електрична енергија, што за многу од директорите е задоцнета мерка. Посочуваат, доколку Владата навремено и им го прифатеше ова барање сметките немаше да бидат толку високи и во одредени претпријатија ги надминат и месечните приходи.

– „Ова значи дека ќе бидеме на регулиран пазар, но повторно по цена повисока од онаа која беше овој период минатата зима. Земајќи ги во предвид претходните сметки и цената на киловат час ќе имаме можност со оваа цена да ги исплаќаме долговите што се натоложија претходната година„-изјави Трајче Здравков, директор на ЈП„Исар„ – Штип.

Уште на самиот старт од енергетскта криза здружението АДКОМ побараа комуналните претпријатија да бидат ставени на регулиран пазар за да ја задржат ликвидност, но и да обезбедат плати за своите вработени.

Александра Ристевска

Advertisements