Децата во Штип ќе почекаат со првите часови за пливање

Наместо детски џагор, глува тишина. Ваква е сликата пред  спортско рекреативниот дел  во штипската населба Суитлак, каде што Агенцијата за млади и спорт веќе трета година гради  објект,   во кој се планира да има затворен школски базен. Според  планот ова требаше да биде совршено место, каде основците ќе ги следат следат првите часови по пливање.

Камен темелникот беше поставен во 2020 година и според  тогашните најави требаше да биде пуштен во употреба веќе наредната година. Но наместо затворен базен, сега објектот е обраснат со трева и трња.

   Ваква е сликата од надвор, но дали монтажниот објект скапува и внатре не можевме да видиме, бидејќи е опколен со жица и лим. Луѓето кои живеат во негова близина велат, подолго време објектот нема ниту чувар, па може да биде лесна мета на крадци..

  „Така е оставен објектот. Нема ниту чувар. Мајстори немат дојдено подолго време. Целиот е обраснат со трева„ велат луѓето кои живеат во тој дел од градот.

За објектот да не стане уште едно здание кое ќе наликува на новата Клиничка болница иницијатива покрена и штипската самоуправа. Се  понудија тие да го доизградат објектот, но како што вели градоначалникот категорично се  одбиени, со образложение дека веќе се работи во насока градежните активности повторно да почнат и до крајот на годината истиот да биде пуштен во употреба

Нема никакви активности и станува збор можеби за манипулација или политички се казнува градот и граѓаните затоа што имат различна локална власт. Затоа го дадов овој предлог, за да ние како Локална самоуправа го довршиме објектот, имајќи во предвид дека  поголем дел од активностите се завршени и дека градот има интерес од еден таков објект„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип

Упативме прашање и до инвеститорот, во случајот Агенцијата за млади и спорт до каде е изградбата и какви се плановите, но одговор нема.

Затворениот базен требаше да биде со должин од 25 метри и ширина од девет метри. Неговата изградба е дел од проектот изградба на 14 типски базени, но Агенцијата за млади и спорт успеа во владение на локалните власти да го предаде само базенот во Тетово. 

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста