Македонската историја се крад пред нашите очи и буквално и фигуративно, но надлежните не преземаат ништо

Кому му пречи Света Лидија Македонка? Исчезна и инфорамативната табла и на Агенцијата за електронски комуникации, која го носи името на првата жена во Европа која го примила христијанството.

Во последниве неколку недели отстранети се и речиси сите табли од спомениците на мостот на цивилзациите, а се уште го нема ниту штитот на Александар Први Филхелен.

Македонската историја се краде и исчезнува пред нашите очи, и буквално и фугуративно, а надлежните не преземаат никакви мерки.

Но, нема кој да ги провери. Дури и вработените од институциите зад камери кажуваат дека дел од камерите воопшто не ни работат. Срамот е голем, коментираат туристи од Холандија.

Мајката на градот минатата недела топката ја префрли кај Министерството за внатрешни. Вели тие треба да се справат со хулиганството, а Град Скопје редовно ги одржувал статуите.

Град Скопје редовно ги одржува, но со хилиганството треба МВР да се справи исто и граѓаните треба да бидат совесни, вели Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје.

МВР пак со месеци информира дека никој не пријавил за исчезнувањето на таблите, ниту за штитот на македонскиот крал Александар Први Филхелен, ниту за бронзената табла на палатата  Александар Макеоднски која го красеше Археолошкиот музеј на Македонија.

Статуите сведочат за историјата на Македонија, но попусти оставени се сами на себе и ги јаде забот на времето. Освен кејот и во Градскиот парк мистериозно исчезнуваат бисти. МВР се уште трага по крадците на украдените бисти на народните херои. Таму повеќе ги нема Коле Неделковски, Орце Николов и Никола Вапцаров, а во меѓувреме исчезна и бистата на Цветан Димов.

Паула Костадиноска

Advertisements

Поврзани вести