320те амандмани на европратениците за извештајот за Македонија на Илхан Ќучук, од кои педесетина се од бугарските европарламентарци се само пример што се и следува на Македонија кога ги почне преговорите со Унијата со оваа преговарачка рамка, предупредуваат дел од експертите. Нови и нови амандмани, барања, услови се нашата иднина штом и ако го започнеме процесот за интегрирање во европското семејство по преговарачката рамка која ја прифати владата на Ковачевски и Ахмети.

Поранешниот амбасадор Ѓорчев за Алфа вели дека ова е доказ дека начинот на кој избравме да преговараме е тотално погрешен.

Ова што се случува сега во Европскиот парламент е само доказ дека начинот кој е избран да преговараме со ЕУ при што имаме услов еден билатерален договор да ни биде услов за преговори и таму уште да имаме одредба дека секоја година ќе треба да потпишеме во делот на историско-образовните прашања, да имаме туторство за нашиот образовен систем, можни се не 50 туку 500 амандмани и секогаш ќе имаме пречка и токму затоа јас повеќе години зборувам дека овој начин на преговори со ЕУ прифакајќи нешто што не припаѓа кон стандардите на ЕУ нема да ја одведе Македонија никаде туку ќе бидеме закочени токму со прифаќање на ваква преговарачка рамка, вели Марјан Ѓорчев – поранешен амбасадор.

Вели на основните поглавја кога би почнале перговорите Македонија ќе заглави, оти Бугарија ќе има право да го прави тоа, баш заради преговарачката рамка која македонската влада ја прифати, иако и опозицијата, а и дел од граѓанскиот сектор се противеа.

Овој начин на преговори каде имаме многу тежок услов, привите поглавја – телемните вредности, поглавјата 23 и 24, право, правосудство, правда, тука ќе паднеме бидејќи што нема праведност, ако некој смета, а бугарите сметаат, тие си имаат своја стратегија дека се обесправдани како македонски граѓани со бугарска самосвест дека се онеправдани во Македонија, дека нашата историја е фалсификат на бугарската и ред други прашања, дека образовниот систем треба да се смени, можни се илјадници амандмани и перманентно кочење на нашиот преговарачки процес со ЕУ, вели Марјан Ѓорчев – поранешен амбасадор.

Токму за можностите колку пати Бугарија може да ни стави рампа, зборува и поранешниот заменик министер за надворешни работи на Бугарија кој јасно кажа дека на секое поглавје тие можат да стават блокада.

Aко Македонија утре ги започне преговорите за влез во ЕУ, таа нема да стане членка во следните 10 години, а Бугарија ќе има можниост 35 пати да го запре овој преговарачки процес, вели Милен Керамитчиев – поранешниот заменик министер за надворешни работи на Бугарија

Керамитчиев посочи и дека поглавјето за добрососедство и владеење на правото е прво што се отвора во преговарачкиот процес и последно се затвора. Така, Бугарија секогаш ќе може да каже дека оваа земја не ги исполнува критериумите“, додаде тој.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста