Законите за „Бехтел и Енка“ се туркаат на сила, надвор од сите процедури

Никакви забелешки ни критики за кршење на Деловникот не ја спречуваат власта да продолжи набрзина да ги турка законските измени за коридорите 8 и 10 д. Во тензична атмосфера  со меѓусебни препукувања,  критики од опозицијата , политички реплики од власта помина првиот ден од амандманската расправа на комисијата за европски прашања . 

Ни денеска не се слушна образложение зошто законите се под параванот на европско знаменце, и зошто ниту во самите предлози нема објаснување . Денешниот ден го одбележа расправата за законот за работни односи, за кој на нозе се кренаа и синдикатите и целата јавност.  Со овој Закон ќе се овозможи 72 часа работа неделно, велат од опозицијата , власта се правда работниците сами ќе одлучувале колку ќе работат, а знаменцето било за да се избегне блокадата на законите.

– Ова што се случува не е усогласено со ниту една регулатива, со ниту една директива – рече пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ништо од тоа не е точно. Во законот никаде не фигурира дека работниците ќе работат 60 или 72 часа неделно. Само ги заплашувате луѓето. Законот предвидува дека само со писмена согласност работниците ќе може да работат прекувремено. А законите се со европско знаменце оти спроти нас имаме деструктивна опозиција, вели Даниела Колева од СДСМ

Седницата почна вчера доцна попладне само неколку минути откако беше изгласана потребата од законите на Пленарна седница . Острите реакции од опозицијата ни вчера ни денеска не го спречија претседателот на комисијата Арбер Адеми да продолжи со седницата . Тој не одговори на ниту една прозвика, и одлучи да ја смири атмосферата со тоа што и подари букет цвеќе за роденден на пратеничката Гордана Силјаноска Давкова .

Без разлика на бројот на  Амандмани расправата може да трае најмногу два дена за секој од законите , по што треба да бидат пратени повторно на Пленарна седница за финално усвојување.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста