Влагата за оризопроизводителите голема главоболка, а го зголеми родот на јачмен и пченица

Климатските промени си го земаат данокот. Обилните врнежи од дожд за некој култури благодет, но за некој главоболка. Оризовите полиња  се наполнија со дождовница. Земјоделците наместо да сееат, со лопати прават канали за да ја испуштат водата од нивите.  Земјата е  претворена во кал, па трактори за да ја обработат не можат да влезат. Најаларматно е во атарот на селата Спанчево и Соколарци..

  „ До 15мај треба да посееме, ама ако продолжи вака тешко. Одвај ќе се посее 10%од полето. Самите гледате по нивите се уште стои сламата„ изјави Фиданчо Здравков

„Ѓубре не е фрлено на ниту една нива, а механизацијата не може да влезе. Тоа значи дека производството на ориз ќе биде намалено сигурноизјави Здравко Арсов, оризопроизводител

Ако за оризопроизводителите дождовите се проблем, за пченицата и јачменот барем засега се бериќет. Влагата ќе го зголеми родот, но ќе биде погубно ако се остварат најавите на синоптичарите за честите врнежи и во месец мај..

  „ Може да биде нешто, но ако продолжат дождовите, родот ќе го уништи. Истото важи и за јачменот. Од многу дождови  самиот ќе се запали и ќе си остане таму по нивите„ вели Здравко Донев од село Спанчево.

Земјоделците се пожалија и на неисчистените вади во кочанско поле. Велат дека наместо надлежните, биле приморани тие сами да ги чистат.

    Сепак интензивните врнежи од дожд  во последен момент  ја наполнија брана Калиманци, па наместо предвидените 2.500, сега  со ориз треба да се засеат 3.500 хектари.

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста