ВМРО ДПМНЕ нема да учествува во работната група за уставните измени

ВМРО ДПМНЕ нема да учествува во работната група што ја формира Министерството за правда за подготовка на амандмани за уставни измени. Претседателот Мицкоски уште еднаш го потврди цврстиот став дека опозицијата не го прифаќа ниту повикот од вицепремиерот Маричиќ и нема да биде дел од комисијата за подготовка на амандмани. Сепак, Мицкоски потсети дека хрватскиот модел досега е споменуван како добар пример и од меѓународни претставници во земјава, како и од министерот за надворешни работи, но сега откако опозицијата го прифаќа, Владата ретерира и се враќа чекор назанад.

„Велат хрватскиот е добар модел, ние им велиме во ред го прифаќаме. Бегаат повторно чекор назад. Ова не е детска градинка, ова не е спиосок на желби на неспособни криминални политичари. Или сте сериозни имате план и виизја како д ја водите Македонија, ако не еве останете уште малку, тоа што имате да покрадете, само да знаете за тоа ќе одговарате наскоро денеска, и бришете од таму да не ве гледа народот бидејжи сте неспособни и не знаете како“, изјави Христијан Мицкоски претседател на ВМРО ДМПНЕ.

И Алтернатива нема да учествува во работната група за подготовка на амандманите. Оттаму  велат дека не може да се формира група, а се уште нема политички консензус помеѓу партиите. За нив спорна е корупцијата во судството и во Владата, а особено акцент ставаат на застарувањето на судските предмети со политичка корупција.

За нас не може да има работни групи за составување или подготовка на уставните измени без да има претходно политички консензус помеѓу политичките партии за поддршка на тие измени, преку кои треба да се отвори патот за интеграција на земјата во Европската унија. Освен тоа, Алтернатива не може да седне на иста маса и да дискутира на оваа тема со партии кои уште не се изјасниле за нејзиниот предлог-амандман за борба против политичката корупцијата, изјави Зекири Ибраими“, пратеник од Алтернатива.

Ниту Демикратскиот сојуз нема да учествува групата на Министерстовот за правда. Оттаму велат дека додека Бугарија го негира македонскиот народ, како и автентичноста на македонскиот јазик, Македонија не треба да почнува постапка за промена на Уставот.

Министерството за правда испрати допис за да ги покани политичките чинители да испратат свои претставници. Од кабинетот на претседателот Пендаровски веќе информираа дека ќе го делигираат професорот Александар Спасов, а и партиите од владината коалиција ги разгледуваат опциите кои од своите редови ќе го назначат да биде дел од работниот тим. Во понеделник истекува рокот.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста