И „Цар Борис Трети“ доби негативно мислење од комисијата за употреба на имиња на личности

„Цар Борис трети“  бил одговорен за злосторствата извршени за време на бугарската окупација на Македонија во Втората Светска војна и за депортацијата на илјадници Евреи во Логорот на смртта – Треблинка. Комисијата за употреба на имиња на личности даде негативно мислење за името на бугарскиот клуб во Охрид. Комисијата цени, дека  здружението кое е именувано според последниот бугарски цар, предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество.

  • Цар Борис Трети  е одговорен за злосторства извршени за време на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна, при што се ликвидирани стотици граѓани. Неговата соработка и сојузништво со Третиот рајх и нагласената антисемитска политика се најдирекно одговорни и за депортацијата и екстерминацијата на илјадници Евреи од Македонија во логорот на смртта Треблинка“, велат од Комисијата.

Сега на ред е министерот за правда кој го има последниот збор за иднината на  бугарскиот клуб во Охрид. Министерот Лога уверуваше дека ќе ги почитува законските измени донесени во законодавниот дом за именувањето на здруженија и фондации.

Доколку Лога го стори тоа, и „Цар Борис трети“ во Охрид ќе ја доживеа истата судбина како „Ванчо Михајлов“ во Битола, кој беше затворен по негативното мислење од Комисијата за употреба на имиња.

Кои се плановите на бугарскиот културен клуб од Охрид, го прашавме првиот човек на „Цар Борис Трети“, Томе Блажевски. Но, наместо став ни кажа дека не сака да комуницира со нашата телевизија и во Србија да правиме муабет за Алфа.

Со отворањето на бугарскиот клуб а уште помалку со неговото име не се согласија ниту Охриѓани кои излегоа на протести, а канцеларијата беше вандализирана во два наврати.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста