60 годишен струмичанец тешко повреден во сообраќајна незгода

На 30.10.2020 во 17.50 часот на локалниот пат од село Турново кон село Штука, струмичко, патничко моторно возило “Опел вектра“ со струмички регистарски ознаки управувано од К.Т.(58) од село Штука удрило во пешак В.Т.(60) од село Иловица. В.Т. бил пренесен во Медицински центар Струмица каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста