60-годишен пациент со корона вирус синоќа скокнал од прозорецот во Тирана, во Србија пикот на епидемијата оваа недела, Корона статистики во Европа и светот

Србија оваа недела го очекува пикот на епидемијата на коронавирус прогнозираат српските здравствени власти. По тоа, според проценките бројот на заболени ќе почне да опаѓа.

Болниците низ Србија забрзано се полнат. Многу луѓе со ковида 19, исто така, имаат сериозна пневмонија. За да дишат, им треба кислород. Потрошувачката во Србија е поголема од кога било порано.

За тоа сведочат изјавите на лекарите и службениците кои претходните денови изјавија дека сегашната и редовната состојба не можат да се споредат.

„И тогаш обично имавме 150 пациенти кои имаа поддршка за кислород и трошевме пет тони кислород на ден, во нормален режим на работа, сето тоа го трошиме за три месеци“, вели проф Д-р Зоран Бажаревиќ, директор на Институтот за ортопедски болести Бањица.
Само за еден ден, кислородот се троши како порано за два месеци“, посочува покраинскиот секретар за здравство, Зоран Гојковиќ.
КБЦ Звездара троши онолку кислород за еден ден колку што троши вообичаено за повеќе од еден месец“, изјави министерот за здравство.

Кај јужниот сосед,  воведените мерки за привремено ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на земјата, забрана за влез во земјата на државјани на трети земји, освен од државите на Европската унија и Шенген зоната за да се ограничи ширењето на коровирусот грчката влада одлучи да ги продолжи до 14. За туристите и странските државјани за кои не постои забрана, дозволен е влез само преку Бугарија, и само со негативен молекуларен тест за Ковид-19 направен 72 часа пред пристигнувањето.

Во главниот град на Албанија, Тирана,  60-годишен пациент со коронавирус синоќа скокнал од прозорецот на болница во Тирана, а ова е петти пациент кој си го одзел животот на тој начин. Настраданиот пациент бил во болница 10 дена каде се лекувал од коронавирусот, пренесува албанската агенција НОА. Како што пренесува агенцијата, полицијата е на терен и го испитува случајот.

На  стариот континент, во Англија по еден месец блокада, заразата опаднала за 30%покажало големото истражување во кое учествувале повеќе од 100.000 волонтери. Англија своето второ „затворање“ го почна на 5 ноември со цел да го спречи рапидното ширење на заразата и да го заштити својот здравствен систем.

Соединетите држави бележат највисоко ниво на дневни хоспитализации со корона вирусот.Над 93 илјади пациенти се сместени во болниците во текот на последното деноноќие.

На глобално ниво, од почетокот на пандемијата на коронавирусот се потврдени 63 милиони  случаи на зараза.

Од последици на Ковид-19 починале 1.465 илајди лица, а во моментот во светот има активни над 18 милиони случаи.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста