Рецезенти во Агенцијата за филм сами на себе си доделувале пари

Рецезентите во Агенцијата за филм сами на себе си доделувале пари. Судирот на интереси – главна одлика на работата на Агенцијата за филм. „Транспаренси интернешнл“ открива дека не сите што конкурирале минатата година добиле еднакви услови за колачот од 4.2 милиони евра кој Агенцијата го поделила по основ финансирање за краткометражни и долгометражни филмови.

  • Станува збор за истиот Конкурс каде подносителот на филмски проект е и член на Филмскиот совет кој има одлучувачка функција. Повторно ситација која се коси со дадената изјава вели Слаѓана Тасева, претседателка на „Транспаренси интернешнл“ Македонија.

Ниту директорот не презел мерки за спречување на судирот на интереси иако имал и надлежност и обврска да го стори тоа. Ваквата постапка најверојатно би продолжила како да е најнормална ако „Транспаренси интернешнл“ не ги побарале документите да испитаат на кого и на кој начин се доделуваат парите. Сега од организацијата бараат целиот процес да се врати на почеток.

  • Овие се состојби за кои директорот на Агенцијата за филм имал можност да ги избегне и требало да се спреведе една анализа за ризикот дали постои ризик некој да се посомнева во законитоста и легитимноста на постапката за доделување на средствата“ рече Слаѓана Тасева, претседателка на „Транспаренси интернешнл“ Македонија..

Сега од невладината очекуваат Обвинителството и сите надлежни органи да реагираат по добрен глас и соодветно да се постапи и во однос на прекршувањата на одредби од Кривичниот законик.

Телевизија Алфа подолго време известува за скандлаите кои се поврзуваат со Агенцијата за филм, меѓу кои и оној за серијата Црвениот поет, снимена со народни пари а која се држи во фиока со што се прекршува и договорот за нејзино финансирање.

  • Тоа не ни било предмет на анализа и немам информации за тој случај. Би можеле само да направиме анализа на документите, што било договорено и што не било испочитувано и да ви укажеме каде понатаму би можеле да се обратите“ потенцира Слаѓана Тасева, претседателка на „Транспаренси интернешнл“ Македонија..

Скандалите и судирот на интереси не се новина во Агенцијата за филм, за што потврдуваат и од Транспаренси интернешнл. Затоа од таму очекуваат да бидат донесени нови правила за нејзино работење како и систем на санкции за нивно непочитување.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста