57 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Ретки се градовите во светот кои доживеале таква природна катастрофа и невидена катаклизма, но истовремено и толку голем одзив за помош, искажана солидарност, љубов кон градот и настраданите жители.

Скопје живее и по 57 години од земјотресот во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени.

Секоја година 26-ти јули не потсетува на солидарноста на скопјани и на солидарноста на светот од 1963 година кога катастрофалниот земјотрес го претвори Скопје во урнатина. Овој датум е врежан во колективната меморија за Скопје како еден од најтешките моменти во неговата историја и постоење.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста