57 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

  • Кога се разбудив веќе се беше темница, се урнато. Фактички бев затрупан јас. Незнаев кога е ден, а кога ноќ. Не чуствував ни глад, ниту имав претстава што се случува. Другиот ден, околу пладне, ме извадија од рушевини – раскажува за Алфа, Ѓоко Донев – сведок на земјотресот.

5 часот и 17 минути, 26 Јули, 1963 година, Скопје е  погодено од земјотрес со интензитет од 6.1 степени според рихтеровата скала. Со траење од само 20 секунди, првиот и најсилниот потрес, разрушува 65% од градот.

  • Во сон бевме тоа време, еден татнеж, еден потрес, дури незнаевме кај сме, што сме.. Тоа беше миг – вели за Алфа сведок на земјотресот.

Во катастрофата над 1000 жители ги губат животите, а бројот на повредени е три пати поголем.  Низа послаби земјотреси во текот на целиот ден, постојано ги вадат скопјани на улиците во разурнатиот град. Спасување луѓе и грижа за повредените е сликата за која раскажуваат сведоци на кобниот ден.

  • Стравична.. Родителот беше на железничка станица, ние позади железничка седевме.. Ужасно, тоа не се заборава вели за Алфа сведок на земјотресот.

Пр­ви што им при­стиг­на­ле на по­мош на скоп­ја­ни би­ле вој­ни­ци­те и гра­ѓа­ни­те од по­ра­неш­ни­те ју­гос­ло­вен­ски ре­пуб­ли­ки, а вед­наш по­тоа поч­на­ле да при­стиг­ну­ва­ат по­мош и спа­су­вач­ки еки­пи од це­ли­от свет. Спо­ред то­гаш­ни­те из­ве­штаи, 87 држави во светот по­мог­на­ле во обновата на  градот. Главниот град денеска одбележа 57 години од земјотресот  со низа активности и манифестации.

Часовникот на Старата железничка станица во Скопје оттогаш е застанат на 5 часот и 17 минути.

Часовникот престана да го мери времето, но продолжи животот на скопјани и надежта дека повторно ќе го изградат својот град.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста