Паркинг просторот со години е главен проблем во Струга, кој каде стигне си прави приватен паркинг

На позната женска плажа во центарот на Струга, каде и покрај истечените концесии не само што со години на диво продолжи стопанисувањето со истите, туку голем дел од плажата каде што имаше детски реквизити,сега е претворен во паркинг. Згора на тоа дополнително се узурпира државно земјиште кое овозможува пристап до паркингот. Самоволието и башибозукот во Струга нема крај,целиот град буквално е претворен во паркиралиште-реагираат стружани.

Смета нормално,од мали доѓаме овде на плажа и вака не е убаво,го запустија градов;

-Полошо не може да биде,досега е најлошо во градов ,има и туристи и ние сме од странство и не ни е убаво да го гледаме вака градов растурен.Сега е катастрофа, немам зборови,ако може власта да направи нешто, сметаат граѓаните.

Со јавните паркинзи стопанисува јавно препријатие и секакво поинакво решение треба да биде со одлука на гратскиот совет за што е неопходна и сообраќајно техничка документација-појаснува советникот Никола Кукунеш од ВМРО ДПМНЕ.

Делови од женска плажа наместо за одмор и рекреација на туристите се пренаменети во паркинг плацеви надвор од секаква правна и легална процедура.Се добива впечаток дека никој не им го знае сопственикот. Неприфатливо е тоа што стружани до неодамна плаќаа казни само затоа што ќе застанеа да си ги соберат работите од своите чамци, а денес никој не одговара и кога по цели денови се паркирани возила таму, вели Никола Кукунеш – советник од ВМРО- ДПМНЕ

Од јавното претперијатие за паркинзи “Еко Струга” велат дека веднаш го инфомирале пазарниот инспекторат,но одговор сеуште не добиле.

Ова не е единствен случај, непосредно до гратското шеталиште кај реката Дрим,неодамна извесно лице си поставило табла дека се работи за приватен имот и наплаќа по 50 денари за паркинг.За случајот сам проведочил стужанецот Васко Јолески кој ни испрати аматерска видео снимка, еве сами мал дел:

А кој е сопственик ? Јас, дедо ми.Кој дедо, имаш документ ? Имам ! Немаш,јас проверив во катастар ова е државно земјиште!  Ти имаш документ,дај ми фискална за паркингов.Јас ти реков ова е приватен паркинг, вели Васко Јолески

Во министерстово за транспорт и врски прашавме дали имаат увид што се прави во Струга со плажите и дали ќе реагирате за ваквото самоволно однесување ? Од таму велат дека ги предале надлежностите за управување со државно земјиште на општините.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста