550 приговори од студентите на УКИМ за платежните картички, институциите без одговор

Скоро 550 приговори поднесени од студентите на Универзитетот Св. Кирил и Методиј за владината помош од 3000 денари. Првично беа поднесени околу  50 илјади приговори намногу од млади лица од 16 до 29 години. Дел од нив извисија за домашна платежна картичка. Но благодарение на Универзитетското студентско собрание на УКИМ се обезбеди повторно поднесување приговори. Меѓу жалбите има и такви кои ги добија картичките ама не можат да ги искористат од различни причини.

  • Се работи за група од 500-550 студенти на УКИМ кои иако ги исполнуваат критериумите не добиле платежни картички. Ние ги прибравме овие податоци и вчера ги исконтактиравме повторно институциите. Сеуште чекаме одговор. Се надаваме дека институциите нема да излезат во пресрет бидејќи ова е право кое го имаат студентите, ќе ја завршат својата работа и ќе го сторат достапно правото односно домашните платежни картички на студентите – вели за Алфа вели за Алфа, Борјан Ефтимов од ФСС.

Предходно приговорите на дел од студентите им беа одбиени без да се наведе конкретна причина зошто.  Уште еден проблем е што министерството во време на најмодерна технологија нема основен регистар со број на студенти во државата, па се што прават студентите, прават сами.

  • Причината,барем од наша страна како што гледаме од надвор, универзитетите и факултетите си ја завршија на време работата и ги испратија списоците со активни студенти до МОН. Сега малку е смешно, 2020 година, МОН нема податоци колку студенти има, колкав е бројот, кои се тие студенти, па мора студентите да испраќаат податоци инцидентно. Прашањето зошто МОН нема редовни такви податоци, меѓутоа во ред, тоа е друга тема.  Немаме одговор зошто не се. Веројатно е некаква административна – бирократска грешка, недостаток со списоците, со поклопување на списоците и се надеваме дека ќе биде решен – вели за Алфа, Борјан Ефтимов од ФСС.

Доколку институциите не одговорат на приговорите на студентите Ефтимов  вели ќе преземат други правни механизми што им се на располагање за студентите да го добијат тоа што им следува.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста