55 издание на театарскиот фестивал Војдан Чернодрински

„Театарот е жива материја кој како уметност, беше, а и се уште е доста погоден од пандемијата. Театарските куќи се соочија со намалена продукција на претстави, а и спонзорите беа преокупирани со своите економски проблеми, така што, ланското 55-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“, конечно ќе се одржи во наредните осум дена, согласно сите актуелни здравствени протоколи“, вели уметничката директорка на Фестивалот, Катерина Коцевска.

„Ние имавме реално, значи не по наш избор, забрана – март април и мај да пробаме и да играме, а тоа се најактивните месеци во театарот кога се работи. Значи, ние работевме, правевеме помали форми, се трудевме, значи по она што ни беше наложено, со одредено времетраење на претстава. Се разбира дека театарот е најмногу допрен со ова, да се разбереме, кога велам театарот зборувам за уметностите“, – изјави уметничката директораката, Катертина Коцевска.

   Според неа, втор проблем бил и тоа што сега на театрите им недостасуваат и сопствени  средства.

„Тешко е. Не може во таа форма, не може да направиме пет премиери, значи можеме да направиме две. Има и еден друг проблем, сега немаме сопствени средства затоа што со 30 посто пубилка, не можеме да платиме основното“, – објаснува Коцевска.

На пролонгираното 55-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“, чиј старт беше синоќа, ќе бидат прикажани вкупно 13 претстави од речиси сите македонски театарски куќи, со задолжително почитување на сите здравствени протоколи за публиката. Годинашни добитници на наградата за животно дело се актерите Емил Рубин и Благоја Чоревски, како и сценографот Крсте Џидров. Фестивалот започна со претставата „Мој термин“ во изведба на МНТ Скопје. А во неговите рамки ќе се одржуваат и промоции на нова театарска литература, како и Трибина на неизбежната тема: „Театарот во Ковид 19. Проблеми и решенија“.

Инаку, МТФ „Војдан Чернодрински“, кој е единствен од тој вид кај нас, во изминатите години традиционално се одржуваше на почетокот од јуни. Но, заради пандемијата, лани и годинава  таа традиција беше прекината, па овојпат ќе се одржи од 1- ви до 8-ми октомври.

                                                                                                       Каролина Дурло 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста