53 нови случаи на Ковид-19

Во изминатите 24 часа потврдени се 53 нови случаи на ковид-19, или по градови: Скопје – 13, Куманово – 9, Прилеп – 9, Тетово – 4, Струга -2, Велес – 12, Битола – 2, Македонски Брод -2. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1170. Во изминатото деноноќие направени се 697 теста. На инфективната клиника во Скопје, примени се 3 пациенти од Прилеп, Куманово и Скопје во потешка состојба. Вкупно се хоспитализирани 52, од кои 16 се на кислородна поддршка, а 5 се на механичка вентилација. Министерството за здравство информира дека денеска се регистрирани 25 излекувани пациенти, 6 испишани од клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби кои во општа добра состојба заминуваат дома и 19 кои се се лекуваа во домашни услови.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста