52 годишник од Велешта физички нападнал медицинска сестра во струшката болница која побарала од него да ја изгаси цигарата

52 годишник од Велешта физички нападнал медицинска сестра во струшката болница која побарала од него да ја изгаси цигарата

Во само десет дена ,втор инцидент на струшка хиругија-52 годишник од Велешта физички нападнал медицинска сестра која побарала од него да ја изгаси цигарата.Најпрвин ја навредувал, а потоа почнал агресивно да се однесува удирајќи ја со нога во пределот на стомакот. Насилникот кој се пресметувал со два пати помладата од него медицинска сестра,избегал од болницата но набрзо бил фатен.Основното јавно обвинителство го товари засторено кривично дело – напад врз здравствен работник при вршење здравствена дејност.

” Со оглед на тоа што ваквото однесување на осомничениот ја потврдува опасноста тој да се даде повторно во бегство за да го избегне кривичниот прогон, а и поради опасноста тој да го повтори делото и да ја нападне медицинската сестра, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.” велат од ОЈО.

Она што загрижува се честите инциденти во струшката општа болница,како што веќе информиравме на 16-ти февруари две лица во раните утрински часови се обидела да ја обијат заклучената врата од хирургија која се наоѓа на приземниот кат од болницата.Бидејќи не успеале, за да влезат внатре,ги скршиле стаклата од прозорците.Во моментот на одделние каде имало многу хоспитализирани пациети, дежурале еден доктор и 4 медицински сестри.

“Бевме нападнати во хирурушката амбуланта од страна на хулигани ,освен  вербален конфликт имаше и физички напад, ние се снаоѓавме.”- вели д-р Илми Речи.

Се чувствуваме крајно небезбедно, вели доктор Речи,како да сме боксерски вреќи со нас се пресметуваат и роднини на пациентите. Луѓето многу често се однесуваат агресивно,а ние мора да бидеме разумни, додава началникот на хурургија доктор Златко Лазаревски.Се наоѓаме под притисок бидејќи ова се случува и на интерното одделение.

“Доаѓаат пијани, издрогирани се јавува неред.Сите се агресивни тие мислат дека во моментот и добиваат и во моментот помош не е проблем.Но и дома да дојдете ќе тропнете,некој треба да ви отвори .Не може одма да се криши врата, случувано ни е  да се скриши варата, да се скриши прозор.Доаѓаат и тие мислат дека вратите во болницата се отворени, а ние мораме да затвораме затоа што имаме лекови кои што можат да влезат да ги крадат “-вели  д-р Златко Лазаревски началник на хируршкото одделение.

Директорот на болницата вели дека нема физичко обезбедување во целиот комплекс и дека за безбедноста се грижи полицијата,сепак докторите инсистираат да се ангажираат професионални лица кои ќе се грижат за сигурноста и на пациентите и на медицинскиот персонал .

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста