Сиромавиот плаќа два пати – најсиромашните сметаат дека владината помош е недоволна

Живот од денес за утре –  граѓаните не можат да  си ги обезбедат минималните основни потреби. На денот посветен на искоренување на сиромаштијата социјално ранливите граѓани го раскажаа своето секојдневие : борба за да се обезбедат три оброци во денот,  за да се подмират сметки, за да се обезбеди греење, едноставно секојдневна борба да се преживее. Помошта која Владата ја најави токму за најранливите категории на граѓани нема да им стигне ниту за основните намирници.

Тоа е благодарност, од 3000 денари . Само потрошувачката на електрична енергија е покачена три – четири пати од летото . Што да се прави прво дали да се плаќа вода, струја. Јас работев зедов кредит, сега што ќе правам јас ? За мене зборувам јас, а што е со повеќечлените семејства?, вели Ѓулетмана Мустафова

Дека се потребни системски долгорочни мерки се согласуваат и од Платформата за борба против сиромаштија . ОД таму посочуваат дека веќе предолго се живее на мерки, а тоа не е ниту решение ниту поддршка. Мора и да се прошири опсегот на луѓе кои се опфатени со антикризните мерки, а загарантираната минимална помош да го следи трендот на пораст на минималната плата  и инфлаторнитер шокови.  Доколку не се преземат системски решенија, и оние кои статистички се под прагот на сиромаштија ќе бидат далеку од достоинствен живот.

Разговарав со луѓето и ги прашав што мислат за мерките кои Владата ги обезбедила, рекоја дека е добро што се сетила на нив меѓутоа тоа мора да биде долгорочно. Оние и кои не се сиромашни ќе им пораснат трошоците , ќе им се намали комфорот и квалитетот на живот, а зборуваме за достоинствен живот. Она што отсуствува е да се зголеми опфатот на луѓе за да зборуваме дека мерката е добро таргетирана , 750 денари секако дека не се доволни , вели Билјана Дуковска , претседателка на платформата против сиромаштија.

На денешната конференција „ Сиромавиот плаќа два пати беше посочено дека мора да се размислува и за енергетската сиромаштија. Мерките за субвенционирање на електричната енергија колку и да изнесуваат не се доволни, и треба да се субвенционира поставување на обновливи извори на енергија.

Затоа и самите мерки за субвенционирање на струјата колку и да се не се доволни. Треба да се најдат системски решенија кои со кои најпрвин ќе плаќаат помалце и ќе користат чиста енергија, порача Ивана Вучкова , програмски координатор.

Во 2020 година, за кога се и последните податоци од Државниот завод за статистика, стапката на сиромаштија во Македонија е 22, 8 отсто. Податоците  од ОН  говорат пак дека повеќе од 700 милиони луѓе се заробени во екстремна сиромаштија.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста