50. ПОЕНИ НА КАРИ И ТРИУМФОТ НА ЛЕЈКЕРСИ ВО СЕНКА НА БРУТАЛНИОТ СТАРТ И ИНЦИДЕНТОТ ШТО ГО ПРИРЕДИ ЈОКИЌ

50-те поени на Стеф Кари во триумфот на Голден Стејт над Атланта од 127-113 што е десети ваков потфат на плејот на Вориорси, па и неочекувањата, заради отсуството на Леброн Џејмс победа на Лејкерси во продолжение со Шарлот од 126-123, за другите 5 меча и да не зборуваме се во длабока сенка на инцидентот што го предизвика Никола Јокиќ во средбата на Денвер со Мајами. МВП-то од минатата сезона направи брутален фаул врз Маркиф Морис по кој беше исклучен, а нема да биде чудо и да добие посериозна суспензија. По дуелот кој лесно им припадна на Нагетси со 113-96 Јокиќ призна дека реагирал лошо и несоодветно на предходно направениот прекршок врз него и дека жали што дошло до инцидент од такви размери. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста