50% попуст за магнетна резонанца во „Аџибадем Систина“ без јонизирачко зрачење и без штетни последици по здравјето

Поради голем интерес, промотивната услуга за 50% попуст на MRI-снимањата ќе биде повторно достапна за пациентите во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Попустот ќе важи секој петок, сабота, недела и  за празниците, почнувајќи од 5 мај. Брза и прецизна дијагноза на сите болести, снимки со висок квалитет и резолуција и комфор за пациентите – се главните предности на магнетната резонанца MRI 1,5 Tesla.

Магнетната резонанца е најсовремениот дијагностички апарат кој дава прецизна слика на меките ткива, но и на скелетниот систем во одредени состојби. Во современата медицина се користи при дијагностицирање на голем број промени на човековото тело. MRI 1,5 Tesla за само неколку минути произведува илјадници слики со кои се проценува функцијата на органите и ткивата. Апаратот се користи при испитување на мозокот (нативни и постконтрастни испитувања), артериографија за приказ на мозочните и вратните крвни садови, испитувања на цервикалниот, торакалниот и лумбалниот ‘рбет (нативни и постконтрастни испитувања), абдоменот, мускуло-скелетниот систем и медијастинумот.

Ваквите испитувања се неопходни, бидејќи раната дијагноза е од клучно значење за успешен третман на сите болести.

За време на снимањето, MRI 1,5 Tesla не користи јонизирачко зрачење и претставува метода која во процесот на создавање слика користи магнетно поле, а со тоа не постојат никакви штетни влијанија врз пациентот и неговото здравје. За подетални информации и закажување на термин, јавете се на 02 30 99 500. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста