50% пониска партиципација на УГД за студенти од ранливи категории семејства и оние со еден родител

За 50% пониска партиципација за студенти на УГД од ранливи категории и за студенти со еден родител. Програмата се реализира  по иницијатива на Студентското собрание.  Дополнителна категорија ќе има и за семејства во кои и двете деца се студенти на УГД

Имајќи ги во предвид овие тешки времиња , ние додавоме усте една категорија, а тоа се семејства кадешто двајца студенти студираат на УГД, а родителите се со примиња пониски од минаималната месечна плата„ изјави Зденка Стојановска-проректор за наука на УГД

Огласот е веќе распишан, а право за аплицирање има секој студент кој запишал зимски семестар на прв циклус на студии во учебната 2022/2023 и ги исполнува критериумите.

Доволно е да поднесат потврда дека се редовни студенти на УГД и да поднесат доказ за месечните примања на родителот„ изјави Зденка Стојановска, проректор за наука на УГД.

Бројот на студенти не е ограничен. Ќе влезат сите студентии чиишто месечни примања на родителите или родителот се пониски од минималната месечна плата. На огласот студентите ќе може да аплицираат најдоцнаа до 9 декември, а десет дена подоцна ќе биде објавена и ранг листата.  

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста