5 начини како да се заштитите од љубоморните луѓе и нивната токсична енергија

Љубомората е една од најтоксичните емоции. Поради неа исчезнува љубовта и пријателствата, носи негативни вибрации во врските и поради тоа многу е важно да се ослободите од ова чувство. Тоа ќе го направите кога интензивно ќе работите само на себе, па дури и разговор со психолог би ви помогнал. Љубомората не треба да се потиснува бидејќи може да ескалира како бес.

Средбите со токсични луѓе кои се љубоморни и завидни се непријатни, а ние ви откриваме 5 начини за како да се заштитите од таквите ситуации и луѓе:

1. Чувајте одредени работи само за себе

Некои убави вести или достигнувања треба да ги споделите само со луѓето на кои навистина им верувате и за кои вистински се грижите. Кога ќе се сретнете со љубоморна личност, едноставно не барајте начин да им објаснувате или да споделувате сè, бидејќи тие се најчесто само љубопитни и никогаш нема вистински да се израдуваат за вас.

2. Амајлија

На духовно ниво луѓето можат да се заштитат доколку веруваат во употребата на кристали и амајлии. Се верува дека одредени кристали имаат силно енергетско поле и на тој начин го спречуваат делувањето на негативната енергија околу вас.

3. Вежби за заштита на енергијата

Секое утро обидете се да медитирате и да создадете дополнителен емотивен штит. Вежбајте смирено да вдишувате и издишувате 15 минути и размислувајте позитивно. Бидете благодарни за сè што имате и бидете горди за тоа до каде сте стигнале во животот. Потсетете се дека сепак вие сте на прво место.

4. Позитивни афирмации

Не ги сфаќајте сите работи лично и простете им на сите. Тоа е за ваше добро. Ослободете се од сите блокади кои ви го попречуваат патот кон успехот.,

5. Активна одбрана

Понекогаш ќе се соочите со личности кои ви испраќаат негативни вибрации и ќе морате искрено и директно да им дадете до знаење дека сте свесни за нивните намери и мисли и дека едноставно нивното присуство ви пречи.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста