5-мина во трката за обвинител за врската помеѓу Македонија и Европравда

Пет кандидати во трка за позицијата обвинител за врски од Македонија со Европравда. Екс-обвинителка во СЈО, една кандидатка од Организиран криминал, сестрата на министерот за правда и уште двајца актуелни обвинители во  ОЈО Скопје. Министерот  за правда, Никола Тупанчески го има последниот збор откако републичкиот обвинител Љубомир Јовески ќе одлучи кој од петте кандидати ја заслужува оваа позиција.

Ленче Ристоска, сака уште еден мандат со оглед на тоа дека таа е актуелен обвинител за врски на Македонија со Европравда. Ристоска беше дел од тимот на Катица Јанева во згаснатото СЈО, која во моментов одржува казна затвор од 7 години поради судскиот предмет „Рекет“.  

И Наташа Гоџовска, сестра на министерот Никола Тупанчевски е кандидатка за обвинител за врски со Европравда. Поради роднинските врски кај Гоџовска, доаѓа од Скопското обвинителство, има и конфликт на интереси  бидејќи Тупанчевски го има последниот збор за назначувањето на оваа позиција.

Кандидатура поднеле и обвинителката за организиран криминал, Ивана Трајчева. Таа според годишниот распоред беше прва заменичка на обвинителката Вилма Русковска, а остана да му биде и прва заменичка на Ислам Абази. Трајчева откако беше реизбрана за обвинител на истата позиција, доби кривична пријава од екс директорот на Финансова, Арафат Муареми. Против трите обвинителки меѓу кои и Трајчева беше поведена дисциплинска постапка од која нема разврска.

Уште двајца колеги на Гоџовска доаѓа во Скопското јавно обвинителство аплицирале за обвинителската позиција за врски со Европравда – Дејан Петрески и Александар Марковски. Петрески е кадар на Академијата за судии и јавни обвинители и беше заменик обвинител вечерта кога изби пожарот во тетовската модуларна болница. Името на обвинителот Марковски не се поврзува со ниеден поголем предмет за кој знае јавен интерес.

Ова е првпат избор за обвинител за врски со Европравда да се именува по пат на кандидатура. Јовески уште не ја донел одлуката кој обвинител да биде поставен на оваа позиција но ќе треба да го направи во најкраток рок во согласност со Правилникот за предлагање јавен обвинител во институции. Потоа, Тупанчески ќе може да го прифати, но и да го врати предлогот за обвинител за врски. Обвинителот за врски работи со судовите од земјите членки на ЕУ и треба да ги олесни истрагите за сериозен прекуграничен организиран криминал.

Викторија Миткова

Advertisements