“5 дo 12 “ : Лицата со попреченост не се приоритет на Владата

Протестни маршови секој 20 ти во месецот и шатори пред амбасадите доколку не се исполнат барањата на лицата со попреченост, предупредија од граѓанската иницијатива 5 до 12. Од иницијативата велат дека досега институциите во последните 2 години не исполниле речиси ништо од нивните барања, па тие за помош денеска се обратиле до канцеларијата на европската унија во Македонија.

Од 5 до 12 велат дека оствариле средба со министерството за труд и социјална политика, но од таму не наишле на соработка туку како што велат само на дискриминација.

Од иницијативата бараат ревизија на процесот на де-институционализација, пренамена и адаптација на центрите за згрижување во центри за рехабилитација на деца и лица со посебни потреби, имплементација на препораките од СЗО и ОН како и дефинирање на старосната граница за деца со посебни потреби.

Мери Ѓорѓиевска