5 дневна временска прогноза за Македонија
Во Македонија во вторник тропски ден, сончево и многу топло време со температури кои што ќе бидат во пораст и ќе бидат над повеќегодишниот просек за овој период од годината.
Минималните температури од 13 до 22 односно степени, додека пак максималните температури ќе достигнат до 32 односно до 43 степени. УВ индексот ќе има вредност 10.
Во среда сончево и топло време со осетен пад на дневните температури. Утринските температури од 14 до 23 степени, додека пак дневните ќе се движат во интервал од 27 до 38 степени.
Во четврток сончево и посвежо време со дополнителен пад на температурите. Утринските температури од 11 до 20 степени, додека пак максималните дневни температури ќе движат во интервал од 19 до 30 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.
Во Македонија во петок свежо утро со утрински температури од 6 до 15 степени. Во текот на денот сончево и потопло време со пораст на дневните температури кои што ќе се движат во интервал од 23 до 34 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.