Наместо пристап до паркинг, железна врата: станари од центар немаат каде да паркираат заради своеволноста на инвеститорот

Имаат паркинг- ама не можат да го користат.   Жители на Центар реагираат дека инвеститор на зграда узурпира приватен простор, а Општината не реагира никако.

Станува збор за зграда на ул .„Христо Смирнески“ каде станарите не можат да пристапат до паркинг простор кој е во нивна  приватна сопственост поради тоа што инвеститорот го блокирал пристапот со поставување на железна врата. Сега немаат пристап не само до паркинг, туку не може да се пристапи до постоечката трафостаница од ЕВН која е на самиот паркинг, а нема ни можност за пристап за интервенција на противпожарна екипа.

Ова е заеднички премин. Дадовме една петиција до Општина Центар… се сомневам . За ваков случај за пет дена се руши и се враќа местото . Ако има пожар загрозена е цела зграда од таа страна. Јас не верувам дека ќе се среди ова, бидејќи се бркаат многу јаки пријатели, вели Драги Јованоски станар.

За да се излезе на паркингот се поминува преку деловен простор, а маките со инвеститорот не застануваат овде. 12 години не можеле да ги добијат имотните листови, дополнително, како што велат граѓаните се соочуваат и со закани

Ве информираме дека петицијата е пристигната и постапено е по истата. Овластен градежен инспектор на Општина Центар излегол на терен, извршил увид на фактичката состојба, изготвил записник од извршениот увид и издал решение за понатамошно постапување, велат од Општина Центар.

Алфа проба да стапи и во контакт со инвеститорот, но тој не одговори на нашите повици.

Кристина Алексиеска

Advertisements