480 казнети за неносење маска, 15 лица не го почитувале полицискиот час

Од 20.00 часот (14.04.2021) до 05.00 часот (15.04.2021) констатирано е дека 15 лица не ја почитувале забраната за движење.

Во текот на изминатото деноноќие (14/15.04.2021) пак за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 480 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста