48 заболени од корона до овој момент, 35 се тестираат,Филипче тврди докторите имале маски и ракаваци

Докторите реагираат дека заштитни маски и одела немаат, Филипче се правда заштитна опрема имало. Посебни скадандери имало за докторите во инфективната клиника додека за оние медицински лица кои циркулираат низ болниците, а немаат допир со заболените од корона имаат обични маски.

Дека лекарите не се доволно заштитени реагираше и градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, кој апелираше до Владата да се обезбеди поголема заштита за медицинските лица.  Доказ дека состојбата во која работат лекарите е алармантна Дука вели дека е фактот што во Дебар веќе има тројца заразени лекари со корoна вирусот.

За слабата заштита реагираа и докторите кои имаат приватни ординации, а стравуваат дека ќе се заразат со вирусот и со тоа македонското здравство ќе има недостаток на лекари, оти тие би биле на лечење или карантин. За каде ќе се  вршат интервенции кои не се поврзани со корона вирусот, на лица кои се веќе заболени или сомнителни  Филипче вели дека дел од болницата „8 Септември” ќе биде ставена на располагање на ваквите случаи во посебни оддели, ординации, сали.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста