Двојни стандарди за правото на протест – Зошто власта е лицемерна и заборава на Шарената револуција

Кога беа опозиција го водеа колото, сега од позиција на власта осудуваат и држат лекции како требало. Однесувањето и ставовите на премиерот, министерот за внатрешни работи и останатите функционери во однос на протестите што се одржуваат деновиве против францускиот предлог го вади на виделина нивниот лицемерен однос.

Тоа што се случува пред Владата е организирано од партии кои јасно се декларираа против НАТО и ЕУ. Македонија има најуредено законодавство за правата на граѓаните. Секој може да протестира, и јас имам протестирано во други прилики. Но никогаш не се случило, освен еднаш, сега вторпат, да протестираат луѓе со качулки на главите, кои маваат по полицијата, гледате дека имаме повредени полицајци. Недозволиво е за држава членка на НАТО и аспирант за ЕУ да ѝ се повтори 27 април – Димитар Ковачевски

Овие фотографии датираат од 2016 година, кога шарената револуција предводена од Заев се судираше со полицијата и ги демолираше државните институции. Како што може да се забележи, повеќето од демонстрантите се со качулки и маски на лицето. Премиерот или не ја зборува вистината или едноставно намерно заборавил дека протестите со качулки се токму начинот на кој неговата партија СДСМ дојде на власт.

Како што се гледа на видеото, неговиот претходник Заев стои до луѓе со качулки и го гаѓа со боја министерството за правда. Тоа е начинот на кој СДСМ дојде на власт – насилни протести, судири со полицијата и демолирање на државни институции.

Не држи ни критиката на Ковачевски дека било недозволиво за една земја членка на НАТО и аспирант за во ЕУ да има вакви протести. Масовни демонстрации има во речиси секоја земја членка на НАТО и Европската унија.

Посебен револт кај граѓаните предизвикуваат и изјавите на Власта дека однапред знаат дека може да дојде до инциденти на протестите, а не презема ништо однапред да ги спречи. Некои се сомневаат и дека дел од луѓето кои ги предизвикуваат инцидентите се провокатори испратени токму со таква мисија – да создадат хаос за да луѓето се исплашат и останат дома.

Бојана Златкова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста