Бизнисот бара итни мерки веднаш, последиците можат да бидат катастрофални
Власта тактизира, бизнисот алармира. Се бараат итни мерки за ублажување на ценовниот шок кој доколку не се реагира веднаш може да стане уште подраматичен. Бизнисмените бараат власта да штеди во непродуктивните трошења и гломазната администрација и да ги зголеми инвестициите. Клучно во енергетиката, но и генерално во домашното производство. Сојузот на стопански комори апелира ако е потребно да се отворат и стоковите резерви. Критикуваат дека власта го предизвикала шокот со тоа што не ја продолжи мерката за нула проценти ДДВ.
Нашите очекувања беа да постепено се нивелираат тие даночни ослободувања. Во еден ден толкав скок и реакцијата е присутна. Во однос на енергетиката Македонија на годишно ниво увезува 1 милијарда евра целокупо енергенти. Имате две алтернативи, ако инвестирате во обновливи извори инвестицијата да ја вратите за 4 години или да платите високи сметки и ништо да не добиете. Овој висок бран на енергенти да се искористи во висок правец, вели Ангелоски.
Бизнис заедницата е загрижена и од најавите за драстично зголемување и на цената на струјата. За да нема дополнителни шокови, инсистираат да се стави фокус на домашното производство. Апелираат на олеснување на процедурите за добивање дозволи за фотоволтаици, за кои сега се чека и до 3 месеци.
Во однос на одредени на берзаански производи како пченицата може многу малку да влијаеме, евентуално може д влијаеме дома ако го зголемиме производството. Македонија во континуитет зборуваме дека е земјоделска земја , еве да видиме колку е земјоделска земја. Во однос на енергетиката години доцниме со инвестирање, приватниот сектор ја преземеа иницијативата за инвестирање, не гледам причина зошто да се стопира инвестирањето , вели Ангелоски.
Додека сите чекаат на институциите за да преземат било што околу ваквата ситуација, од Министерството за финансии преку соопштение се огласија дека нов пакет антикризни мерки ќе има, ама не кажаа какви. За нови мерки се чекало на усвојувањето на Ребалансот на буџетот.