Остатоците од изгорената зграда на „Македонија табак“ се уште испуштаат чад, а пожарникарите и денес се таму и работат на целосно изгаснување и ликвидирање на пожарот.  Чадот е причина и понатаму во Тетово да се чуствува непријатна миризба, која ги тера граѓаните на кашлање и гадење.

Неколкумина владини министри кои беа да ја видат состојбата уверуваат дека се мери постојано  дали воздухот е загаден, иако во неколку наврати не е достапна страницата за квалитет на воздухот.

Битно е немаме големо загадување во Тетово, ние споделуваме секој саат податоци на фејсбук страна, имаме проблеми со сервери но имаме координација со општината и други институции, изјави Насер Нуредени, министер за животна средина

Сепак од Центарот за јавно здравје велат дека самиот непријатен мирис не е поволен за здравјето на луѓето во Тетово.

Фактичката состојба што ни покажува, ни покажува еден непријатен мирис, надразнувачки, кој предизвикува кашлање, иритација на очите, и самиот тој мирс е загрозување на јавното здравје. Вчерашните наши препораки беа да не се борави на отворен простор и ако се борви најмалки со Н95 маска да се борави, исто така, препораките беа малите деца, хроничните болни и постарите луѓе без потреба да не излегуваат на отворен простор, изјави Др Ратко Давидовски

Општината по вчерашниот прекин на наставата препорача денес дека може да се оди на училиште.

Пошто и јас сум родител, ми се јавија од дома и ме прашаа дали да го пуштат детето на школо, дозволете ми да им препорачувам на сите родители дека децата треба денес да идат на школо, тоа и го кажав на мојата сопруга од сабајле, параметрите еве кажа и министерот дека се во рамките на нормала, изјави Биљал Касами

Од компанијата „Пофикс“ информираа дека штетата предизвикана од пожарот во нивните складиште првично изнесувала над 12 милиони евра. Според нив причината се обилните дождови пред два дена кои предизвикаа поплави во одредени делови на градот.

За да почне увидот од страна на полицијата и обвинителството најверојатно ќе треба да поминат неколку дена од ситуацијата со пожарот. 
Александар Самарџиев

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста