По две години бегство се предаде убиецот на Мартин Јанушев

Филип Секуловски Кобра, обвинет за убиството на Мартин Јанушев по две години бегство, вечерва се предал на органите на прогонот, дознава Алфа од свои извори. Полицијата го спровела во истражниот затвор Скопје. Секуловски беше обвинет дека во 2017 во скопската населба Аеродром го убил Мартин Јанушев на влезот од стамбената зграда каде живееше.

Кобра, ноќта кога се случи убиството излегол на викенд од затворот каде што издржувал казна за трговија со дрога. Неговата затворска казна требаше да заврши во јуни 2018 година. Пред убиството, Кобра се сретнал со Р. Т. , познато лице од скопското подземје, за кого се шпекулираше дека бил вмешан во убиството.

Р.Т. на Фејсбук на 3 ноември објавил фотографија од Белград каде што наводно бил за време на убиството.